contact@vernacgroup.mk

Call Us: +38970323220

Остварете контакт

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.6, 3/лок 1, Скопје

+38970323220

contact@vernacgroup.mk

www.vernacgroup.mk

АФПЗРР објави ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027



Од страна на Агенцијатата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 01 септември 2023 година објавен е ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027.

Овој повик има цел да обезбеди поддршка за земјоделските стопанства и развој на руралниот сектор во Република Северна Македонија. Се обезбедува финансиска поддршка за следниве мерки:
Мерка 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства: Оваа мерка им овозможува на земјоделците да инвестираат во средства и опрема кои ќе го подобрат производството и квалитетот на земјоделските производи.
Мерка 2 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси: Оваа мерка ги подпомага земјоделците во развивањето на нови видови на производство и проширување на своите бизнис активности.
 
Заинтересираните физички и правни лица од Република Северна Македонија имаат можност да достават свои барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 со цел да ги подобрат своите земјоделски стопанства и развој на руралниот сектор.
 
ВЕРНА КОНСАЛТИНГ ГРОУП Ви стои на располагање за сите информации, консултации и помош во процесот на подготовка и поднесување на барањата за финансиска поддршка. Нашиот тим консултанти е подготвен да ви помогне во секој чекор на патот кон успешната апликација.