ФИТР објави ЈАВЕН ПОВИК за „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
Фондот за иновации и технолошки развој на ден 26.01.2024 година, објави Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Вкупно 5 милиони евра за поддршка на технолошкиот развој на микро, мали и средни претпријатија.
Целта на повикот е да се поддржат претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
Со овој повик, се нуди поддршка и за приватните здравствени установи во земјата.
ВЕРНА КОНСАЛТИНГ ГРОУП Ви стои на располагање за сите информации, консултации и помош во процесот на подготовка и поднесување на барањата за финансиска поддршка. Нашиот тим консултанти е подготвен да ви помогне во секој чекор на патот кон успешната апликација.