contact@vernacgroup.mk

Call Us: +38970323220

Остварете контакт

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.6, 3/лок 1, Скопје

+38970323220

contact@vernacgroup.mk

www.vernacgroup.mk

Извор

Успешно финансиско управување



Создадете буџет

Започнете со креирање на сеопфатен буџет кој ги прикажува вашите приходи, фиксни трошоци, променливи трошоци и цели за заштеди.  Forbes ги прикажува кои се тринаесетте клучни процеси за воспоставување на стабилен буџет.
Бидете реални и редовно следете ги вашите процеси за да бидете сигурни дека ќе останете на вистинскиот пат.

 

Следете ги и анализирајте ги трошоците

Користете апликации или алатки за буџетирање за да ги следите вашите трошоци и да ги категоризирате. Редовно прегледувајте ги вашите модели на трошење за да ги идентификувате областите каде што, можете да намалите или да направите прилагодувања за да заштедите повеќе пари.
Investopedia ни дава детална слика за бенефитите и предностите кои произлегуваат од процесот на анализа на трошоците.

 

Управувајте со долгот мудро

Ако имате долгови, креирајте план за стратешки да ги исплатите. Најпрво дадете приоритет на долговите со високи камати и разгледајте ги опциите за консолидација за да ги намалите плаќањата на каматите.

Избегнувајте преземање непотребни долгови и користете ги кредитните картички одговорно.

 

Диверзифицирајте ги тековите на приходите

Истражете дополнителни начини за генерирање на приход, како што се хонорарна работа или започнување на спореден бизнис. Диверзификацијата на вашиот приход може да обезбеди финансиска стабилност и да ви помогне побрзо да ги постигнете вашите финансиски цели.

Според Forbes диверзификацијата на приходите е од суштинско значење во денешната економија.

 

Инвестирајте мудро

Едуцирајте се за различни инвестициски опции кои се усогласени со вашите финансиски цели и толеранција на ризик. Размислете да побарате совет од финансиски советник за да изградите разновидно инвестициско портфолио што одговара на вашите потреби.

MACU потенцира дека ангажирање на финансиски советник е од круцијално значење, воедно и дава совети за мудро инвестирање.

 

Останете информирани

Бидете во тек со финансиските вести, инвестициските трендови и промените во регулативите кои можат да влијаат на вашите винансии. Ова значење ќе ви помогне да донесувате информирани одлуки и соодвтено да ги прилагодите вашите финансиски стратегии.

 

Побарајте професионален совет

Ако управувањето со вашите финансии ви претставува терет и пат во еден правец, или ви треба помош за одредени аспекти, размислете да се консултирате со финансиски консултант кој ќе ве води низ процесот.

Нашите консултанти можат да ви обезбедат персонализиран план, да помогнат во креирањето финансиски план и да понудат експертиза прилагодена на вашата финансиста состојба.