contact@vernacgroup.mk

Call Us: +38970323220

Остварете контакт

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.6, 3/лок 1, Скопје

+38970323220

contact@vernacgroup.mk

www.vernacgroup.mk

Извор

Патот кон рентабилност: Ориентација кон зелената бизнис средина



 Како што светот се повеќе се насочува кон одржливи практики, така и бизнисите се насочуваат кон предизвиците и можностите кои ги нуди зелениот бизнис.

Во овој блог пост, ги опфаќаме клучните стратегии и сознанија кои можат да ги водат бизнисите не само кон одговорност за животната средина, туку ин кон доолгорочна профитабилност.

 

Прифаќање на принципите на кружна економија

Преминот од модел на линеарна кон кружна економија е клучен за одржлив успех. Бизнисите може да го постигнат тоа со редизајнирање на производи за долгорочност,  обезбедување на материјалите да се рециклираат и повторно да се користат ефикасно и со минимизирање на отпадот низ синџирот на снабдување.

Компаниите кои ѓи прифаќаат принципите на кружна економија (Circular Economyне само што ја подобруваат ефикасноста на ресурсите, туку и поттикнуваат заштеда на трошоци и иновации.

 

Искористување на обновлива енергија

Преминот кон обновливите извори на енергија претставува двојна предност: намалување на јаглеродниот отпечаток, додека се подобрува конкурентноста на трошоците. Американскиот институт за обновливи извори ENERGY ги потенцира бенефитите од користењето на обновливите извори на енергија.

Инвестирањето во обновливи извори на енергија не само што го ублажува влијанието врз животната средина, туку и ги изолира бизнисите од нестабилните цени на фосилните горива, поттикнувајќи стабилност и предвидливост во оперативните трошоци.

 

Користење на податоци и технологија за зголемување на профитабилноста

Во ерата на индустијата 4.0, датата и технологијата базирани на податоци играат клучна улога во оптимизирањето на искористувањето на ресурсите и оперативната ефикасност. Дигиталната трансформација нагласува дека интегрирањето на паметни технологии од loT сензори до напредна аналитика може значително да ја намали потрошувачката на енергија, да ги насочи производствените процеси и да открие нови текови на приходи преку монетизација на податоците.

 

Нагласување на критериумите за ESG (еколошки, социјални и управувачки)

Инвеститорите и потрошувачите се повеќе им даваат приоритет на бизнисите кои ги поддржуваат силните стандарди за ESGСтратешкиот совет на Верна Консалтинг Груп, ја нагласува важноста од транспарентното известување, цврсти рамки за управување и проактивен ангажман со засегнатите страни.

 

Соработка низ синџири на вредност

Стратешката соработка ја нагласува важноста на сосзадавње на партнерства со доставувачите, клиентите и индустриските соработници, за да се поттикнува иновацијата, споделување на најдобрите практики и ширење на решенија со големо влијание.

Заедно, бизнисите можат да ја забрзаат транзицијата кон позелена иднина, истовремено поттикнувајќи го економскиот раст и издржливоста.